Поврзете се со нас

Балкан

Деби погодок во новата средина: Велковски го реши тимот на Хаџи (ВИДЕО)

Објавено

на

фото:www.facebook.com/DinamoBucurestiOfficial

Дарко Велковски на почетокот на оваа година го реши клупското прашање и тоа со ангажман во Динамо Букурешт, тим за кој оваа вечер го постигна првиот гол во важната победа над Фарул Констанца.

Гостите важеа за аутсајдери на овој меч, меѓутоа се изборија за голем триумф од 2-0 во кој огромна улога одигра македонскиот репрезентативец.

Дефанзивецот се најде на вистинското место во 29 минута и со одличен удар со глава го отвори резултатот. Ова ја крена самодовербата кај клубот од Букурешт кој на стартот на второто полувреме постигна уште еден гол и со тоа го потврди славјето на ова тешко гостување кај составот кој е предводен од легендарниот Георге Хаџи.

Со вкупно 19 бода Динамо е на 16 место на табелата и го очекува жестока битка за опстанок во елитната романска конкуренција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни