Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Де Лаурентис побара мечот Барселона-Наполи да не се игра на „Камп Ноу“, УЕФА му одговори

Објавено

на

Остануваат уште неколку денови до рестартот, продолжението на Лигата на шампионите и тоа со реваншите од осминафиналето на елитното натпреварување.

Треба да се одиграат четири мечеви меѓу кои е и онаа меѓу Барселона и Наполи на „Камп Ноу“. Во Шпанија и Каталонија во изминатиов период се појавија се поголем број на случаи на КОВИД-19, па низ медиумите почна да се пишува дали овој натпревар ќе се одигра на закажаното место или пак ќе биде преместен на друга локација во Лисабон каде и ќе се одржи завршниот турнир.

Се огласи и првиот човек на наполитанците, Аурелио Де Лаурентис кој истакна дека е загрижен поради ситуацијата и побара реваншот меѓу Барса и неговата екипа да се одигра на друго место.

-Натпреварот против Барселона секогаш ќе биде одличен натпревар. Ова лето одигравме два, потоа имавме и трет во првиот меч од осминафиналето на ЛШ. Сега ќе играме четврти. Слушаме сомнежи и стравови кои доаѓаат од Шпанија. УЕФА е рамнодушна, нема никој кој знае како да ја води продавницата.

-Ако одлучија дека Лигата на шампионите ќе се доигра во Португалија и Лига Европа во Германија, тогаш мислам дека треба да го играме возвратниот меч во Португалија или Германија. Не разбирам зошто мора да останеме во град што има голем проблем, -истакна Де Лаурентус.

УЕФА пак на ова одговори и порача дека во моментов нема промени и останува се како што е договорено.

-Ние ја следиме ситуацијата и сме во контакт со надлежните локални власти. Натпреварот е предвидено да се игра во Барселона според планираното, -порачаа од куќата на фудбалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни