Поврзете се со нас

Италија

Де Ѕерби лут на „росонерите“: Не сакам ни да се појавам против Милан

Објавено

на

Сасуоло утре ќе се сретне со Милан во натпревар од Серија А, а тренерот Роберто Де Ѕерби не ја крие лутината поради учеството на „росонерите“ во контроверзната Супер лига.

Де Ѕерби употребил тешки зборови против клубот кој е еден од основачите на новото натпреварување, истакнувајќи дека не сака ни да се појави на теренот.

– Утре не ни сакам да се појавам на теренот против Милан, затоа што е еден од клубовите кои се дел од Супер лигата.

– Им кажав на претседателот Карнивали и на фудбалерите, ако Карневали побара од мене, ќе се појавам, но ќе бидам многу лут.

– Лут сум бидејќи фудбалот ми носи леб 40 години, но и јас сум му дал многу на фудбалот. Ова не е прашање на пари и обврки, тука се работи за вредности, чувства, ривалства и друго, – изјавил тренерот на Сасуоло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни