Поврзете се со нас

Италија

Д’Амико: Осимен е подобар од Халанд, тој е најдобар напаѓач на светот

Објавено

на

Виктор Осимен и во оваа сезона е еден од најдобрите играчи на Наполи, сезона која најверојатно ќе биде крунисана со една титула (Серија А) со можност таа колекција да биде збогатена и со успех во Лигата на шампионите.

Крајот на кампањата и летниот преоден рок може да донесе помесување на фудбаската карта, па Осимен како играч кој игра на највисоко ниво може да направи трансфер. Тој е убедливо најдобар стрелец во Калчото со 21 гол или севкупно има 25 погодоци во сите натпреварувања што доволно говори за него и неговите голгетерски способности.

Има одредени дилеми околу тоа дали ќе остане во Неапол и по натпреварувачката 2022/2023, а еден од неговите застапници Андреа Д’Амико меѓу редови посочи дека негов нареден клуб може да биде ПСЖ и тоа како некој вид на замена за Лионел Меси.

-Во моментот, Осимен е најдобриот напаѓач во светот. Да, дури подобар од Хааланд. Нема да му недостасуваат опции, особено во Англија и ПСЖ кои би можеле да изгубат важен играч во нападот. Според мене, Меси ќе оди во Мајами. Но, тоа е само мое мислење, -истакна Д’Амико за „Радио24“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни