Поврзете се со нас

АТП

Циципас не се откажува од „тоалет“ драмата, нова жртва беше Манарино

Објавено

на

Стефанос Циципас веќе е во третото коло на Ју-Ес Опен, а на вториот меч помина со еден загубен сет и победа над Адријан Манарино со 3:1 во сетови.

Тениските фанови веќе се навикнаа на драмата која ја прави грчкиот тенисер со долгото задржување во тоалет, во моментите кога ќе загуби сет или се наоѓа во ситуација кога сака да го смени ритамот на мечот, а така беше и на дуелот со Манарино.

Французинот го освои третиот сет за да намали на 2:1, а тоа значеше тоалет пауза за Циципас, по што мечот продолжи по цели осум минути.

Фаворитот го доби четвртиот сет без загубен гејм, а неговиот противник имаше што да каже на темата.

– Според мене ваквите задржувања треба да бидат пократки, правилото треба да биде променето. За мене напуштањето на теренот на ваков начин е неспортски потег.

– Очигледно помага кога ќе загубите сет, добивате време да се смирите, да се репрограмирате, не велам дека целосно го менува текот на мечот, но има влијание. Од друга страна добиваме предупредувања и казни за глупави работи кога не сме направиле ништо лошо, како на пример периодот за сервис од 25 секунди, – изјавил Манарино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни