Поврзете се со нас

Шпанија

Четврта среќа: Мајсторија на Беренгер за елиминација на Реал од Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Атлетик Билбао урнаа уште еден великан во Купот на Шпанија, па така откако ја средија Барселона оваа вечер го елимираа и Реал Мадрид.

Баскијците ги загубија трите претходни пресметки со „кралевите“ во оваа сезона и беа решени да ја прекинат таа лоша серија што и на крајот успеаа со мајсторијата на Алекс Беренгер во самиот финиш на „Сан Мамес“.

Беренгер кој влезе на почетокот на второто полувреме на местото на Нико Вилијамс одлично се снајде по продадената топка од Касемиро во 89 минута, па така прво го исфрли Начо за да потоа бие фантастично за 1-0 и големо славје на баскијците.

Освен Билбао во полуфиналето на Копа Дел Реј се пласираа Рајо Валјекано на Столе Димитриевски, Валенсија и Бетис кој денеска го префази Реал Сосиедад со 4-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни