Поврзете се со нас

Балкан

Чешмеџиев претставен во новата средина: Дознав за клубот од татко ми и дедо ми

Објавено

на

Откако не ја продолжи соработката со тетовска Шкендија, Константин Чешмеџиев се одлучи да гради интернационална кариера, па така денеска и официјално беше претставен во клубот кој веќе беше најавен како негова следна дестинација.

Босанскиот клуб Вележ денеска го промовираше македонскиот фудбалер како засилување за наредната натпреварувачка сезона, со тоа што му загарантира двегодишен договор на играчот кој игра во одбраната.

Чешмеџиев има само 24 години и секако не знае какво реноме има клубот од Босна и Херцеговина, но затоа неговите татко и дедо му говореле за успесите на Вележ во поранешна СФРЈ.

– Со клубот се запознав благодарение на татко ми и дедо ми. Ми кажаа дека бил сериозен клуб во поранешна Југославија.

– Станува збор за клуб со голема традиција и добри навивачи. Имаме високи цели и сакаме да излеземе во Европа, се надевам дека ќе придонесам за да оставриме таков успех, – изјави Чешмеџиев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни