Поврзете се со нас

Англија

Челси испрати дефанзивец на заем во Монако

Објавено

на

Челси во актуелниот преоден рок се раздели со неколку важни фудбалери, а еден од оние кои одат на заем во друг клуб е и Маланг Сар.

23-годишниот дефанзивец кој во Челси пристигна пред две години од Ница и не успеа да се наметне кај Томас Тухел, новата сезона ќе ја мине како позајмен играч во редовите на Монако.

Францускиот прволигаш предмалку потврди дека Сар ги минал и лекарските прегледи, а Челси ќе добие симболични 600.000 фунти за тоа што го отстапил дефанзивецот на една сезона.

Доколку Сар има доволен број настапи, тогаш ќе се активира клаузулата според која Монако ќе го откупи неговиот договор за околу 13 милиони фунти.

Французинот ја мина првата сезона на заем во Порто, а минатата сезона забележа 21 настап во сите натпреварувања во дресот на Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни