Поврзете се со нас

Англија

Челси го потврди Португалецот, Феликс со прва порака: Возбуден сум што ќе играм на „Стемфорд Бриџ“

Објавено

на

Екипата на Челси и официјално го потврди новото засилување во своите редови кое доаѓа од шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид, а неговото име е Жоао Феликс.

Оваа операција се најавуваше изминативе денови и сега истата е комплетирана, па така Португалецот до крајот на оваа сезона како позајмен играч ќе го носи дресот на поранешниот европски шампион.

-Челси е еден од големите тимови во светот и се надевам дека ќе му помогнам на тимот да ги постигне своите цели, па затоа сум многу, многу среќен и многу возбуден што ќе играм на Стемфорд Бриџ, -истакна Феликс во својата прза изјава за официјалниот сајт на клубот.

Инаку офанзивецот пред да слета во Лондон го продолжи договорот со Атлетико до јуни 2027 година.

Тој за популарните „колчонероси“ одигра 131 натпревар по доаѓањето од Бенфика во 2019 година, период во кој постигна 34 голови и запиша 18 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни