Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави: Му испратив порака на Меси по елиминацијата од Реал

Објавено

на

БАрселона одигра потпросечен натпревар против Галатасарај и не успеа да оствари очекувана победа во Лигата на Европа, па сега ќе мора да брка триумф на гостувањето во Турција.

Каталонскиот великан уште еднаш се покажа во доста бледо издание во Европа, но ако Барселона ќе има поправна шанса, тоа не важи за ПСЖ кој доживеа дебакл на „Сантијаго Бернабеу“ во последните 30 минути од мечот.

Пред реваншот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ, Чави призна дека ќе навива за Меси и Нејмар и дека очекува пласман на ПСЖ во четвртфиналето во Лигата на шампионите, но откако тоа не се случи, новинарите му поставија прашање за елиминацијата на „светците“ во пресрет на мечот со Осасуна.

– Му испратив порака на Меси по елиминацијата од Реал Мадрид. Му испрати порака со зборови за охрабрување. Таков е фудбалот, постојат такви ситуации.

– Реал Мадрид направи пресврт благодарение на желбата и вербата во себе и ја сврте работата во своја корист. Таква е Лигата на шампионите, тоа ни се случи и на нас во Барселона. Ако го намалите интензитетот, може да загубите од противникот. Мислам дека токму тоа му се случи на ПСЖ, – вели Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни