Поврзете се со нас

Англија

Брус имаше блиска средба со Солскјер, па беше налутен од едно новинарско прашање: Сите мислат така или само ти?

Објавено

на

Тренерот на Њукасл, Стив Брус изреагира доста нервозно на прес конференцијата пред натпреварот со Вулверхемптон кога беше запрашан за неговата блиска средба со Оле Гунар Солскјер на натпреварот кој Њукасл го одигра со Манчестер Јунајтед.

Тимот на Њукасл доживеа пораз од 3:1, а по крајот на средбата камерите го уловија Стив Брус како со насмевка разговара со тренерот на „ѓаволите“, Оле Гунар Солскјер.

И двајцата се знаат од своето време поминато во Манчестер Јунајтед, па по натпреварот природно според Брус било да поразговараат.

Новинарот му долови на Брус дека фановите не се среќни поради тоа што тој се смеел по поразот на неговиот тим, а тоа го налути искусниот стратег кој му возврати на нему својствен начин.

– Многу од фановите или само ти? Слушај, го знам Оле Гунар Солскјер 20 години, што е лошо ако ме фатиле како се смеам со него? Тој не пофали за тоа дека сме одиграле добар натпревар. Ако тоа е толку лоша работа, што сум се насмевнал со Оле, тогаш во ред, -изјави Брус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни