Поврзете се со нас

Македонија

Брера врати добро познато име: Цветаноски ја доби „10-та“ во Струмица (Фото)

Објавено

на

Брера Струмица замина на паузата поради репрезентативните натпревари како второпласирана екипа во Првата македонска фудбалска лига со четири победи, едно реми и еден пораз, но и покрај фантастичниот старт, струмичани решија да донесат засилување и да го пополнат местото кое остана празно.

Кристијан Велиновски направи трансфер во Азербејџан, па сега клубот од Струмица реши да врати едно добро познато име од етапата на Академија Пандев, 26-годишниот Матеј Цветаноски.

– 26 годишниот Матеј Цветаноски кој беше дел од нашиот тим во во втората полуетапа од последниот шампионат, повторно го ангажиравме оваа сезона и ќе го носи дресот со број 10.

– Станува збор за офанзивен крилен фудбалер кој зад себе има големо искуство како во македонскиот шампионат така и во странство. Има играно за Македонија ЃП, Пелистер, Вардар, Шкупи како и за унгарски Ѓирмот како и албанскиот Партизани.

– Минатата сезона Матеј Цветаноски за нашиот тим одигра 6 натпревари при што имаше една асистенција а во македонскиот шампионат зад себе има вкупно 158 настапи при што постигна 21 гол и 25 асистенции. Цветаноски своевремено беше дел и од младинските репрезентации на Македонија. Добредојде и многу успех Цветаноски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни