Конференциска лига
Боуен го реши финалето со гол во 90. минута, Мојс славеше во стилот на Мурињо (Видео)

Вест Хем го освои вториот европски трофеј од своето постоење, откако клубот од Лондон вечерва е прогласен за нов шампион во Конференциската лига во финалето кое се одигра во Прага.
„Чеканите“ успеаја да ја добијат драмата со Фиорентина и победија со 2:1, резултат кој е доста суров за Италијанците кои беа навистина подобри во вторите 45 минути.
Првото полувреме беше навистина срамежливо и двата тима не понудија речиси ништо на теренот, но затоа вториот дел беше навистина возбудлив и видовме дури три гола.
Вест Хем поведе со голот на Бенрама од белата точка по играњето со рака на невнимателниот Бираги, но голот во 62-та минута брзо донесе одговор на спротивната страна.
Искусниот Бонавентура израмни на 1:1 пет минути подоцна и по овој гол Фиорентина беше далеку подобар тим, се до невниманието кое се случи кога сите чекаа дополнителни 30 минути игра.
Пакета испрати фантастичен пас до Боуен и го остави соиграчот очи в очи со Терачано, по што еден од најдобрите играчи на Вест Хем погоди за 2:1 и донесе огромно славје.
Вест Хем ја освои само втората европска титула во историјата, а Дејвид Мојс го прослави успехот во стилот на Жозе Мурињо, трчајќи крај аут линијата.
-
Англијапред 22 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 22 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 10 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 23 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 19 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти откако Белингам првпат остана без минутажа на теренот: Џуд ми ја олесни работата