Германија
Борусија бележи сериозен пад: Фрајбург се погрижи за трет пораз во последните четири кола (Видео)

Борусија Дортмунд уште една сезона ќе продолжи да сонува за титулата во Бунедслигата, откако тимот од „Сигнал Идуна парк“ не го доби посакуваниот позитивен шок со тренерската смена и отказот на Фавр, за што сведоци бевме и ова попладне на натпреварот во Фрајбург.
„Милионерите“ играат крајно неконстантно оваа сезона и во ситуација кога никако не можат да мислат за трофејот, сега треба да се насочат кон многу пореална цел, а тоа е освојување на едно од преостанатите три места кои водат во Лигата на шампионите. Ако се земе во предвид актуелната форма, Борусија ќе има тешка задача да го оствари тоа, бидејќи падна на шестото место по најновиот пораз.
Фрајбург постигна два брзи гола на стартот на второто полувреме преку Јеонг и Шмид, негатива која се покажа како преголема за гостите, иако се обидоа да извлечат барем еден бод. Младиот тинејџер Мукоко намали на 2:1 на 15 минути пред крајот, но сепак во продолжение не се менуваше резултатот и Борусија го претрпе третиот пораз во последните четири меча во Бундеслигата.
Од друга страна, Баер Леверкузен беше сигурен на домашен терен и се искачи на четвртата позиција пред „милионерите“, а пред нив е и Ајнтрахт Франкфурт кој има и натпревар помалку.
Леверкузен денеска го декласираше Штутгарт со 5:2 на домашен терен во натпревар во кој во протоколот го немаше нашиот Чурлинов, додека триумф оствари и Волфзбург кај Аугзбург со 0:2, односно Лајпциг кај Шалке со 0:3.

- Шпанијапред 17 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 18 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 16 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 18 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 20 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 21 час
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 15 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 17 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити