Поврзете се со нас

Македонија

Борец повеќе ја сакаше победата, но не успеа да го пробие бедемот на Работнички

Објавено

на

Седмото коло во Првата македонската фудбалска лига беше отворено ова попладне со натпревар меѓу Борец и Работнички, пресметка на која домашниот тим беше далеку подобар ривал, но сепак не го освои целиот плен.

Велешаните имаа повеќе од играта и избраниците на Горазд Михајлов беа единствените кои ги посакуваа трите бода на овој натпревар, но сепак дефанзивно ориентираниот Работнички успеа да одолее и се избори за „нула“ на гостувањето.

Најдобар поединец на средбата во Велес беше голманот Јанков, кој во неколку наврати беше сигурен на гол линијата и му овозможи на својот Работнички да се врати со бод во македонската престолнина.

За Борец, ова беше четврти натпревар без пораз во Првата македонска фудбалска лига, но фудбалерите на Михајлов со прикажаната игра, заслужија да стигнат и до трета последователна победа, која за момент ќе ги однесеше на врвот на табелата.

Вака, тимот од Велес останува на третата позиција со 12 освоени бода по седум одиграни меча, додека Работнички со 10 поени е на петтото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни