Поврзете се со нас

Италија

Бонучи искрено за трансферот кој изненади многумина: И приватно и професионално, тоа беше…

Објавено

на

Фудбалерот на Јувентус, Леонардо Бонучи се наврати на 2017 година и шокантниот трансфер кој го реализираше кога потпиша за тимот на Милан.

Искусниот стопер пристигна како големо засилување на „Сан Сиро“ и требаше да донесе дополнителен квалитет во тимот на Милан, меѓутоа не се снајде најдобро и по само една сезона се врати во Јувентус.

Од денешна гледна точка, Бонучи смета дека тоа било лоша одлука и посочи дека истата ја донел откако имал навистина тежок период зад себе во Јувентус.

– Тоа беше тешка сезона за мене, и приватно и професионално. Имаше некои несогласувања, посебно по поразот во Лигата на шампионите и на крајот донесов лоша одлука.

– Но, мора да кажам дека поради таа одлука, која силно влијаеше на мојата кариера, денес пораснав како човек.

– Месеците кои ги поминав во МИлан ми дозволија да се преиспитам и да сфатам дека Јувентус е мојот повик, дека Јувентус е моето семејство.

– Запознав некои прекрасни луѓе во Милан, пред се, Рино Гатузо. Тоа беше тешка година, но не и бескорисна година. На крајот бев многу среќен што се вратив дома, -изјави Бонучи за „Газета дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни