Италија
Бомбастична вест од Шпанија: Италијански великан подготвува понуда за Барди (Фото)

Енис Барди влезе во последните шест месеци од договорот со Леванте и сигурно е дека нема да го продолжи истиот во ситуација кога тимот се бори за опстанок, а сето тоа предизвика да видиме една интересна шпекулација за иднината на македонскиот репрезентативец.
Иако пред неколку дена излезе информација дека Реал Сосиедад планира да го ангажира Барди како слободен агент на крајот на сезоната, сега интерес за играчот за врска се јавува и од Италија, земја од која два клуба се заинтересирани да испратат понуда до крајот на јануарскиот преоден рок.
Веста од Шпанија ја пренесува познатата емисија „Ел Чирингито“, во која се вели дека италијанскиот великан Милан е подготвен да понуди 5 милиони евра за Барди и да го откупи неговиот договор во преостанатите 11 дена од зимскиот трансфер период.
Ова дефинитивно е најава за возбудлива завршница на јануари кога е Барди во прашање, бидејќи тој со сигурност е еден од најдобрите играчи на Леванте, за кои се пројавува сериозен интерес со оглед на ситуацијата.
За Леванте следните 11 дена се последна шанса да заработат било што од играчот кој ја носи „10-та“ на својот грб, а покрај Милан, од Италија заинтересиран за трансфер е и Торино.
🔁¿SAMU CASTILLEJO, rumbo a #LaLigaSantander?
🔁¿ENIS BARDHI, rumbo a ITALIA?
🔁IDRISSI, ¿De Sevilla a Cádiz?
¡Todos los movimientos y rumores del mercado, en #ChiringuitoFichajes! pic.twitter.com/ZkgdREVKOX
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) January 20, 2022
-
Македонијапред 17 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 15 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 22 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 23 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 17 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 6 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)
-
НБАпред 6 часа
Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)