Поврзете се со нас

НБА

Бизарна сцена во НБА лигата: Судија повреди ѕвезда на Сакраменто (Видео)

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс славеше на гостувањето кај Сакраменто и без Леброн Џејмс во тимот, но триумфот од 92:117 беше одбележан и од една несекојдневна ситуација во НБА лигата.

Судииите обично секогаш се добро позиционирани и стојат во безбедна зона, но тоа не беше така и рано утрово во „Голден уан“ центарот каде домашен играч настрада по еден несреќен контакт со судијата.

Дејвион Мичел го свитка зглобот по контактот кој го имаше со судијата и мораше да биде испратен во соблекувалните, што направи да видиме една од побизарните сцени во актуелната натпреварувачка сезона во НБА лигата.

Јасно е дека судијата немаше никаква намера да го повреди играчот на Сакраменто, кој воопшто не гледаше каде оди и каква опаснот го демне во позадина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни