АТП
Беретини: Му се јавив на Ѓоковиќ и му нагласив дека не давам пари
Новак Ѓоковиќ беше иницијатор на предлогот првите 100 тенисери на АТП листата да исплатат пари за послабо рангираните и да им помогнат во овие тешки времиња кога не се игра тенис, но истиот наиде и на доста опструкции и тоа од доста познати имиња.
Доминик Тим јавно се противеше на ваквиот предлог од светскиот рекет број еден и даде неколку објаснувања зошто нема да им помага на своите колеги кои не заработуваат никакви пари во овие тешки времиња, а сега се јави и Италијанецот Матео Беретини.
Корпулентниот тенисер од Рим е осми на АТП листата во овој момент, а како таков, вели дека му објаснил на Ноле зошто нема да донира за тенисерите.
– Му се јавив на Ѓоковиќ и му ја објаснив мојата ситуација. Му кажав дека имам други приоритети и дека мојот план е да им помогнам на семејствата кои се најпогодени од коронавирусот. Сакам да им помогнам на оние кои останаа без работа. Тој ја сфати мојата страна и порача дека тенисерите не се обврзани да го проследат неговиот предлог.
– Јас си имам мое мислење и стојам зад тоа. Во еден професионален спорт, не треба спортистите да им помагаат на другите. За тоа се одговорните тела, во овој случај АТП, ВТА и ИТФ. Тие ги организираат турнирите, нивна одговорност е да се грижат за нас, а во ситуацијава за оние кои се најпогодени, – нагласи Беретини.
-
Англија24 часа
Вистинска „чистка“ на „Олд Трафорд“: Десет играчи ќе го напуштат Јунајтед на лето
-
Репрезентација15 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Свет14 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија16 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 114 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Свет15 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Шпанија15 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Шпанија13 часа
Арда има цврст став за својата иднина: Дојдов во Реал поради две причини