Поврзете се со нас

Балкан

Бербатов објави дека ќе се кандидира за претседател на Бугарската фудбалска федерација

Објавено

на

Димитар Бербатов денеска официјално најави дека ќе биде кандидат за претседател на Бугарската фудбалска федерација.

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед вели дека долго се подготвувал за чекор во оваа насока, а сега официјално ја започнува кампањата, во која ќе се обиде да ја добие довербата на клубовите и сите кои имаат глас на изборното собрание.

Бербатов објави дека поранешните бугарски репрезентативци, Стилијан Петров и Мартин Петров ќе бидат негови најблиски соработници и членови на евентуалното идно раководство на федерацијата.

– Денеска ја претставувам и екипата со која ќе соработувам и тоа една јасна причина. Имав можност да работам со Алекс Фергусон, а тој секогаш велеше дека тимската работа а најважен адут на патот кон успехот. А, сите видовме какви успеси имаше Јунајтед во негово време, – изјавил денеска Бербатов.

Најдобриот реализатор во историјата на бугарската фудбалска репрезентација настапуваше за повеќе тимови, но најголемите успеси ги постигна со екипи како Баер Леверкузен, Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни