Поврзете се со нас

Македонија

Бекот си заминува од Скопје: Вардар останува без Кубанецот Моралес

Објавено

на

Вардар допрва ги игра најважните мечеви во актуелнава сезона, а во пресрет на истите дојде една интересна вест поврзана со „црвено-црните“, односно со еден од најдобрите, најзначајните играчи во екипапа Јоел Куни Моралес.

Искусниот бек е подготвен да ја заврши приказната со македонскиот првак и по крајот на сезоната да се пресели во редовите на ППД Загреб. Ова е информацијата која ја пренесе хрватскиот медиум „24 Сата“ кој информираше дека Кубанецот оди во редовите на популарните „плинира“, тим во кој веќе има неколку поранешни ракометари на Вардар како Тимур Дибиров, Иван Чупиќ и Стефан Додиќ.

Ова значи дека Вардар ќе мора да бара нова опција на десната бековска позиција на која во моментов го има уште и македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни