Поврзете се со нас

Балкан

„Бед Блу Бојс“ и „Гробари“ се пресметале во Вуковар, во болница најмалку две лица

Објавено

на

Членови на навивачките групи „Бед Блу Бојс“ и „Гробари“ имале меѓусебна тепачка во Вуковар, потврди полицијата од овој град.

Анимозитетот меѓу фановите на хрватски Динамо и српски Партизан е познат во овој регион, а повод за „средбата“ бил турнирот во мал фудбал организиран во Вуковар од страна на хрватската навивачка група.

Најмалку две лица биле посериозно повредени и пренесени во болницата во Вуковар, но засега нема информации во каква состојба се наоѓаат.

Полицијата потврдила дека било употребено и различни видови ладно оружје, при што дел од учесниците во тепачката завршиле и зад решетки во полициска станица.

Пред само неколку недели, членови на БББ нападнаа две момчиња од српска националност на паркинг во Вуковар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни