Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона официјално го потврди второто засилување во овој преоден рок (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Раководството на Барселона работи интензивно на доведување засилувања во составот на Чави, а по Илкај Гундоган, од денеска и официјално нов член на каталонскиот гигант е Ињиго Мартинез.

Иако овој трансфер беше најавен пред одреден период, дури денеска Барселона официјално го претстави искусниот дефанзивец како свој нов член.

Идентично како Гундоган, Мартинез доаѓа во Барселона без отштета, односно откако му истече договорот со досегашниот клуб Атлетик Билбао.

Ињиго е продукт на младинската академија на Реал Сосиедад, но во 2018 година се пресели во баскискиот ривал Атлетик, каде стана еден од најважните играчи изминатите неколку години.

Зад себе веќе има 350 натпревари во Ла Лига и 20 настапи за шпанската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни