Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Барселона го надигра Кил и ќе игра за нова титула во ЛШ

Објавено

на

Ракометарите на Барселона ќе бидат противникот на Кјелце во овогодишеното финале на Лигата на шампионите.

Шпанскиот великан славеше над Кил со 34-30 во второто полуфинале на завршниот фајналфор турнир кој се одржува во Келн. Барселона во најголем дел го бркаше или следеше водството на противникот во првото полувреме, но сепак на пауза замина со минимална позитива од 19-18.

Во второто полувреме каталонците беа тие кои беа на повисоко ниво, го надиграа противникот, избори водство 4,5, па и 6 разлика и потоа немаа проблеми истото да го одбранат против бундеслигашот кој едноставно снема енергија, односно дефинитивно се почувствуваа отсуствата на Сагоен и Пекелер.

Абељо Гомез со 12 гола беше лидер кај победникот, додека Винчек со 7 погодоци ја предводеше листата на стрелци кај „зебрите“.

Утре од 15:15 е борбата за третото место меѓу Веспрем и Кил, додека пак од 18 часот Барса ќе се обиде да го сочува европскиот трон против Душебаев, Карачиќ и компанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни