Поврзете се со нас

Лига на нации

Барди верува дека ќе ја подигнеме атмосферата: Секој пораз боли, но фудбалот е таков

Објавено

на

Еден од нашите најдобри репрезентативци, Енис Барди ја имаше улогата на капитен на натпреварите од Лигата на нациите кои се одржуваа овој месец.

Македонија не остави баш најдобар впечаток ремизирајќи со Бугарија и претрпувајќи тежок пораз од Грузија на домашен терен, а единствена победа ни е онаа од Гибралтар во гости.

Токму Гибралтар утре доаѓа во Скопје во последниот натпревар од овој дел од циклусот наречен Лига на нации.

Барди очекува со висока победа против Гибралтар да се врати позитивната атмосфера во клубот и најави дека сите репрезентативци ќе го дадат максимумот на терен, впрочем како што тоа било и досега.

– Боли секој загубен натпревар, но мора да одиме напред. Можам да гарантирам дека секој играч го дава максимумот, но фудбалот е таков, понекогаш неправеден. На тој начин загубивме од Грузија.. Мора да гледаме напред и да ја подигнеме атмосферата со нови добри резултати, -изјави Енис Барди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни