Поврзете се со нас

Лига на нации

Барди: Мораме да бидеме посериозни и поодговорни, ова им го должиме на нашите навивачи

Објавено

на

Македонија не го одбрани домашниот терен, па поразот од Бугарија (1-0) значеше дека како трети го завршуваме овој последен циклус во Лигата на нации.

Голем хендикеп беше исклучувањето на Тодороски во раната фаза, но и со десетмина на теренот создадовме неколку шанси кои не ги искористивме што секако беше разочарување како за играчите така и за публиката која во голем број беше присутна на арената „Тодор Проески“.

– Беше тешко да се игра со играч помалку цел натпревар, ама и така во второто полувреме имавме навистина неколку шанси преку Алиоски, Дориев…, но како и во Грузија не ги искористивме. Овој меч го очекувавме со големо нетрпение. Но, од десетта минута останавме со играч помалку и тоа поремети многу нешта. Ако се се погледне, не заслуживме пораз, -рече капитенот Енис Барди кој направи и една подлобока анализа за моменталната ситуација во репрезентацијата.

– Заслуживме повеќе од овие натпревари, ама секој од нас почнувајќи од мене треба добро да размисли пред да дојде на следниот собир. Мора да бидеме посериозни и поодговорни, ова им го должиме на нашите извонредни навивачи.

-Мораме да бидеме трпеливи, затоа што имаме иднина пред нас и само заеднички можеме до нови успеси, -заклучи членот на турскиот шампион Трабзонспор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни