Поврзете се со нас

Репрезентација

Бајиќ се запозна со потенцијалните сениорски репрезентативци: Сакам да ги видам…

Објавено

на

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ го одработи првиот тренинг со потенцијалните сениорски репрезентативци.

Бајиќ сака да види со што Македонија располага во моментов за да може потоа истите во иднина да ги користи во националниот тим со тоа што прва шанса за тоа е секако претквалификацискиот турнир за пласман во квалификациите за СП кој од 12. до 18. август ќе се одржи во Скопје.

Нашиот нов предводник заедно со асистенти Александар Јончевски, Адмир Прасовиќ и Александар Кукриќ дочекаа 17 играчи со тоа што во таа група се и Лука Савиќевиќ и Андреј Јакимовски кои се рехабилитираат од повредите, но и Стојан Ѓуроски кој беше присутен на тренингот, меѓутоа има проблеми и неговото учество во претквалификациите е под голем знак прашаник.

-Сакав да ги видам сите кошаркари кои ги имаме моментално на располагање, а се дел од репрезентативните селекции. Во овие два дена, односно неколку тренинзи за да го дефинираме списокот на сите кошаркари на кои од нив би можел сметам за работа во сениорскиот национален тим.

-Веќе имав консултации со моите колеги кои се предводници на селекциите ‘Под18’ и ‘Под 20’ години. Сакав и го слушнав и нивното мислење, што секако многу ќе ми значи,, особено во изборот на оние играчи кои ќе бидат дел и од сениорскиот тим. Односно дел од нив да биде и награден за вложувањата, за напорите и енергијата која досега ја вложиле во периодот на подготовките, -порача Бајиќ.

Првиот тренинг го одработија следниве кошаркари: Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка), Димитар Иванов (МЗТ Скопје Уни Банка), Андреј Андоновски  (МЗТ Скопје Уни Банка), Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка), Лејсон Зекири (МЗТ Скопје Уни Банка), Виктор Ефремовски (Работнички), Валмир Какруки (Навико Академија ФМП), Андреј Настовски (Црн Дрим), Андреј Митревски (ТФТ), Иван Волкановски (Куманово 2009), Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП), Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија), Марко Миловановиќ (Јуви Кремона-Италија), Рубин Стефанов (Крабс Баскет Римини-Италија)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни