Поврзете се со нас

Репрезентација

Бајиќ: Димитријевиќ нека им објасни на Пандев и Лазаров зошто не игра за репрезентацијата

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација со многу изменет состав ќе ги дочека претквалификациите за Светското првенство кое е на програмата во 2023 година.

Новиот селектор, Драган Бајиќ нема да може на смета на многу важни играчи за битките со Словачка и Швајцарија на турнирот кој овој месец се игра во Скопје. Бајиќ има разбирање за дел од кошаркарите кои од оправдани причини мораа да откажат, но не може да сфати зошто Ненад Димитријевиќ не му се стави на располагање на националниот тим.

Димитријевиќ кој во новата сезона ќе игра во Валенсија од само нему познати причини се одлучил да го скокне овој собир и со тоа го разочарал Бајиќ кој претходно имал контакти со него.

Ненад Димитријевиќ, сакам да ја објаснам целата ситуација за да нема дамки околу моето име. Контактирав со него, му кажав дека сакам да биде лидер на оваа репрезентација во следните десетина години. Реков дека е исклучително потребен за да се пласираме во квалификациите. Му реков дека е можно да му дадам одмор понатаму. Јас подоцна имав повик само од неговиот менаџер кој побара Нено да се појави на 28 јули бидејќи имаше тешка задача.

-Јас поминав преку некои свои принципи, во слична ситуација беше Вајли кој исто така дојде подоцна поради лични проблеми. Несфатливо ми е некој со 23 години да бара одмор, а 36-годишниот Бојан Трајковски доаѓа на секој тренинг и работи како да има 20. Следна работа беше тоа што јас бев известен од луѓето во Федерацијата дека Димитријевиќ нема да се појави на тренинзите. Јас нема ни да тужам, ни да барам причини, толку е од мене, тој не ме удостои да ми се јави и да ми ги каже причините поради кои не дојде. Ја има македонската јавност да ѝобјасни.

-Го имате Горан Пандев кому не му е тешко на 37 години да игра за репрезентацијата, го имате Кирил Лазаров кој во петтата деценија гине за репрезентацијата, можеби треба да им објасни на нив“, -истакна Бајиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни