Поврзете се со нас

Германија

Баерн и Челси почнале преговори за првата желба на Тухел

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел утрово го одржа првиот тренинг како тренер на Баерн Минхен, но неговиот стручен штаб не беше комплетиран и недостасуваа двајца блиски соработници кои со него се десет години.

Првиот е Жолт Лев кој треба да му се приклучи во наредните неколку дена, но вториот е Антони Бари кој во моментов се уште е во Челси и кој треба да биде ослободен од англискиот клуб за да добие зелено светло за трансфер во Германија.

Тухел уште на првиот прес во Минхен призна дека прва желба му е да го донесе Антони од неговиот поранешен клуб, а угледните германски и англиски медиуми денеска известуваат дека преговорите веќе започнале.

Баерн и Челси стапиле во контакт за асистентот кој е човек од доверба на Тухел, по што англискиот клуб решил да го ослободи Бари од обврските во „Кобхам“ центарот, се додека не се разреши неговата иднина.

Според „Телеграф“, Челси ја одбил првата понуда на Баерн за ослободување на помошникот, но претпоставките се дека клубот ќе попушти, особено во ситуација кога и голема желба на Бари е да му се врати на својот пријател и да тргне со него заедно во авантурата во Минхен.

– Моите асистенти работат со мене десет години и ќе бидат со мене во Баерн. Се надеваме дека брзо ќе ни се приклучи и Антони Бари кој во моментов се уште е во Челси. Се надеваме дека ќе можеме да сметаме на него и дека ќе го комплетираме тренерскиот тим, – изјави Тухел на промоцијата во Баерн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни