Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Азар откако заигра против „своите“ во ЛШ: Сакам да се уверам во едно нешто

Објавено

на

Откако изминатиов викенд добри 15 минути на натпреварот против Бетис во домашното првенство, Еден Азар продолжи со прогресот на добивање минутажа од Зинедин Зидан, па така синоќа мина 25 минути на теренот против својот поранешен клуб.

Во првата пресметка против својот сакан Челси по заминувањето од „Стемфорд Бриџ“ пред две години, Азар имаше улога на епизодист поради огромните проблеми со повредите кои ги имаше во последно време, а по мечот кој заврши 1:1, нагласи дека му било навистина мило што се сретнал со своите поранешни соиграчи.

Сепак, во интервјуто за „Би-Ти Спорт“, Азар потенцира дека Реал Мадрид ќе оди на победа на стадионот на кој тој брилјираше во синиот дрес, но ја посочи и главната цел која ќе ја има на личен план до крајот на сезоната.

– Гледајќи го резултатот од првиот меч, можеше да биде полошо, но можеше да биде и подобро. Има реванш натпревар и ќе се обидеме да оствариме победа на гостувањето во Лондон. Одиме чекор по чекор, секако дека сакам да играм отпочеток, но најважно е да бидам на теренот. Овојпат играв повеќе од она во саботата.

– Единствено што сакам е да имам неколку добри натпревари во низа до крајот на сезоната, сакам да се уверам дека сум подготвен за такво нешто. Се чувствувам подобро, моето тело се чувствува подобро и среќен сум што повторно играм, – изјави Азар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни