Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико му се реваншираше на Атлетик Билбао и има отворен пат кон ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/Atleti

Атлетико Мадрид издвојува супер важна победа над Атлетик Билбао од 3-1 во последниот натпревар од денешната програма од најсилниот шпански фудбалски шампионат.

Ова за домаќините е огромен триумф и тоа над директниот ривал за последното место кое води во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2023/2024. Билбао беше нерешлива енигма за избраниците на Симеоне во актуелнава сезона, загубија на „Сан Мамес“ со 2-0, потоа двапати беа совладани во полуфиналето на Купот со 1-0 и 3-0, но денеска покажаа друго лице и дојдоа до триумф за голема радост на „Ванда Метрополитано“.

Де Пол, Кореа и Симон (автогол) беа автори на головите за домаќините, додека Вилијамс стрелаше за Билбао.

Атлетико на пет кола до крајот има шест бода повеќе од вечерашниот противник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни