Поврзете се со нас

Шпанија

Асенсио: Дали е затворена вратата за Барселона? Тоа е…

Објавено

на

Марко Асенсио скоро една деценија е член на Реал Мадрид, но тој веќе влезе во завршната година од договорот и останува отворено прашањето дали ќе го гледаме во сегашниот дрес и по 2023 година.

Една од опциите е секако да остане на „Сантијаго Бернабеу“, меѓутоа медиумите пишуваат и за можноста да се пресели во Барселона како слободен играч. Многу добро е познато ривалството меѓу каталонците и „кралевите“ и ќе биде доста чудно да се случи еден ваков трансфер, премин, но фудбалот повеќепати ни има покажено, докажано дека се може да се случи.

-Дали е затворена вратата за Барселона? Тоа е добро прашање. Затворена е за сите затоа што сум во Реал Мадрид. Иднината ќе покаже, никој не знае. Фокусот е на сегашноста, на СП. Од јануари до јуни ќе донесам одлука иако не зависи се од мене, -порача Асенсио кој потоа додаде:

-Целата врева што се создаде навистина не одговараше на реалноста. Знам како функционира овој свет. Знам што кажав и не ми е грижа, -заклучи шпанскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни