Поврзете се со нас

Лига на нации

Антов: Цела Бугарија е среќна, исвиркувањето на химната не мотивираше

Објавено

на

Репрезентацијата на Бугарија по пауза од четири години избори победа на гостински терен, победа во Скопје против Македонија.

Гостите во најголемиот дел од натпреварот играа со играч повеќе, предност која на крајот ја искористија иако избраниците на Милевски и со десетмина на теренот го дадоа максимумот и е бореа за секоја топка.

Клучниот момент се случи на почетокот на вториот дел кога по една контра Десподов ја смести топката во мрежата на Димитриевски. Големо е задоволството во таборот на источниот сосед, а според Валентин Антов за овој триумф заслуга има и македонската публика која жестоко ја исвирка нивната химна.

-Расположението е одлично. Цела Бугарија може да биде среќна што победивме на овој натпревар. Заслужуваме малку да се насмееме и да бидеме среќни. Ја сменивме шемата, имаме добар тим и добро се разбираме меѓу нас.

-Денеска покажавме доволно за да ја сочуваме нашата мрежа. Потребни ни се добри натпревари и победи. Сигурно ќе уживаме во оваа победа и ќе гледаме да напредуваме. Покажавме и голема желба да се изолираме од ситуацијата надвор. Тие ја исвиркаа нашата национална химна, а тоа не мотивираше, -истакна членот на Монца.

Како беше исвиркана бугарската химна со Скопје (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни