Поврзете се со нас

Репрезентација

Антиќ се одлучи за проверена опција и го потврди името на новиот селектор

Објавено

на

Кошаркарската Федерација на Македонија вчера објави дека Драган Бајиќ поради здравствени проблеми престанува да биде селектор на најсилната селекција, а доста брзо пристигна потврда за тоа кој ќе биде негов наследник.

Врвот на македонската Федерација предводен од Перо Антиќ се одлучи за проверена опција, односно за човек кој веќе извесно време е дел од тимот и беше асистент токму на Бајиќ.

Александар Јончевски е новиот селектор на нашиот најдобар кошаркарски тим, а како тренер кој долги години е дел од стручниот штаб во А селекцијата, ги познава сите играчи и го следеше развојот на младите играчи кои на последните натпревари дојдоа до израз.

– Јончевски (41 година) е тренер што долги години е дел од стручниот штаб на репрезентацијата, а на позицијата на селектор на „А“ тимот, доаѓа како асистент-тренер во стручниот штаб во кој во изминатиот период беше Драган Бајиќ. Тој првпат беше асистент во националниот тим на Марјан Лазовски во квалификациите за Олимписките Игри што се одржаа во Венецуела, а потоа му помагаше и на Марјан Србиноски на Евробаскетот во 2015 во Хрватска. Претходно беше и во тимот на соработници на селекторот Јорданчо Давитков.

– Во работата со нашата најдобра селекција на Јончевски ќе му помагаат Никола Василев, актуелен селектор на нашата машка селекција „Под 20“ години, Никола Велев, кој е асистент-тренер во селекцијата „Под 18“ години-мажи, како и Сашо Пецев, кој ќе биде задолжен за кондициската подготовка на нашите најдобри кошаркари во периодот кој следува. Првиот предизвик новиот селектор и неговите соработници ќе го имаат веќе кон крајот на август, на стартот на вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година. Поточно, гостувањето во Данска на 25.август, и натпреварот против селекцијата на Словачка, кој нашите најдобри кошаркари го играат на 28. август во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни