Поврзете се со нас

Свет

Анри: Салах е најдобар играч во Премиер лигата, но во Европа има еден подобар од него во моментов!

Објавено

на

Јирген Клоп веќе неколку седмици потенцира дека Мохамед Салах е најдобар играч во светот според актуелната форма во која се прикажува во Премиер лигата, мислење кое го делат и голем број аналитичари од Островот, меѓу кои и легендарниот Џејми Карагер како голема легенда на клубот од „Енфилд Роуд“.

Постигнатите голови на девет натпревари во низа се добри аргументи за да се смести Салах при самиот европски врв, но според Тјери Анри, сепак има еден играч во Европа кој и во овој момент е подобар од Египќанецот.

Легендарниот Анри не мисли на Лионел Меси, Кристијано Роналдо или Килијан Мбапе, туку на својот сонародник Карим Бензема за кого вели дека е клучен во Реал Мадрид и француската селекција.

– Дали Салах е најдобар играч во Премиер лигата во овој момент? Да, тоа е очигледно и јасно. Но, кога го споредувате со најдобрите играчи во овој момент, со оние кои се во најдобра форма, еден во Европа е пред него. Бензема го ставам скалило пред него. Тоа што го прави за Реал Мадрид и за Франција не можам никако да го игнорирам.

– Головите кои ги дава во овој момент се фантастични, но како може да ги заборавиме Левандовски и Бензема? Не сметам дека Салах е на тоа ниво кога е во прашање клупскиот и репрезентативниот фудбал, – заклучува Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни