Поврзете се со нас

Боречки спортови

Англискиот двојник на МекГрегор го користел идентитетот на УФЦ ѕвездата и заврши во затвор поради тешки дела (Фото)

Објавено

на

Конор МекГрегор имаше проблеми со законот поради недолично однесување во приватниот живот и му се судеше поради нарушување на јавниот ред и мир, но сепак, сега неговото име стана топ тема во Британија не по негова вина.

Имено, во фокусот се најде еден двојник на легендарниот борски Ирец кој неверојатно потсетува на големата УФЦ ѕвезда, но Англичанецот Марк Нај го искористил тоа за да прави проневера со пари, како и да продава дрога со промена на идентитет.

Поради сличноста со МекГрегор, Марк се претставувал како Конор пред полицијата која во негов посед пронашла огромен број фалсификувани бизнис картички картички, на кои стоело името „Конор МекГрегор“.

Покрај пронајдените фалсификувани бизнис картички на кои го имало и логото „McGregor Enterprise“, двојникот на Конор бил дилер на дрога и поради тоа доби судска пресуда од судот во Сури.

Марк Нај е осуден на две години и девет месеци затвор поради користење на лажен идентитет пред полицијата, а натоварени му се и дела за препродажба на дрога и фалсификувани и неточни бизнис картички.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни