Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ангеловски: Секој противник за нас е еднаков на европски шампион, ни фали нешто што со пари не можеме да го купиме

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Составот на Еурофарм Пелистер во 9. коло во Лигата на шампионите ќе се соочи со една од најдобрите, најквалитетните екипи во ова натпреварување, полскиот великан Кјелце.

Кјелце предводен од легендарниот Душебајев секогаш има највисоко цели и токму поради ова ќе биде голем тест за македонскиот првак уште еднаш да види до каде е во овој момент. На претходната средба против Пик Сегед, тимот се прикажа во добро светло и малку фалеше да дојде до првиот бод во ЛШ, па водени од таа енергија тренерот Бранко Ангеловски се надева дека ќе го дадат максумумот, а тој ќе биде доволен за добар резултат.

-Екипата на Киелце е составена од голем број на индивидуалци, кои прават огромна слика на колективна игра. Предводени се од еден од најдобрите тренери во светот. Посебна мотивација за Киелце не треба да имаме, бидејќи во Лигата на шампионите за нас секој натпревар мотивира. За нас секој противник е еднаков на европски шампион. Самиот факт дека парираме во одреден дел од натпреварот за нас е успех. Ни фали нешто што со пари не можеме да го купиме, а тоа е времето. Сигурен сум дека овие натпревари ќе донесат искуство за моите ракометари и во понатамошниот дел на сезоната ќе играме на повисоко ниво и ќе ја радуваат нашата јавност и верните симпатизери.

-На првиот натпревар во Битола се обидовме да се прилагодиме на нивната агресивна игра. Во првиот момент беа агресивни, посебно на позициите 2 и 5 и затоа инсистирав на игра „седум на шест“ за да ги спуштиме нивните халфови. Секој натпревар е нова приказна, ќе видиме како ќе отвориме и потоа како ќе играме.
-Против ПИК Сегед не бев фокусиран на играта на сите противнички ракометари. Бев фокусиран на Мацковшек, на Мартинс, на Бомбач, на Бодо, но на крај играч кој е трет ешалон дојде да решава во игра „седум на шест“. Во овие европски гиганти на секоја позиција играат ракометари од светска класа. Очекувам дека Киелце ќе игра во најсилен состав, ќе играат и Алекс Душебаев и Сичко и ќе бидат најдобриот тим. Да не заборавиме дека на голот се враќа Волф, -порача Ангеловски пред утрешниот меч закажан за вечерниот термин 20:45 часот.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни