Поврзете се со нас

Репрезентација

Ангеловски повика нови играчи: Освежувања за пресметката со Грузија!

Објавено

на

Македонската репрезентација за краток период одигра два натпревари против Косово и Естонија, но тука не е крајот затоа што не очекува уште една средба против Грузија на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

За тој натпревар кој се игра во среда од 20:45 часот, селекторот Игор Ангеловски се одлучи да повика неколку нови имиња со оглед на тоа што постои замор кај играчите, но некои се повредија и не можат да настапат.

Поради тоа популарниот Мрме се одлучи ростерот да го дополни со пет фудбалери и тоа Љупчо Дориев, Енур Тотре од Шкендија, Дарко Мицевски од Вардар, Томе Китановски од Македонија Ѓорче Петров како и Агрон Руфати од младата селекција.

Руфати има жолти картони и не може да игра против Израел, ама затоа пак може да настапи за сениоите.

Останува да видиме како новајлиите ќе се вклопат, донесат свежина, енергија која дефинитивно е потребна во еден ваков напоред, тежок распоред.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни