Поврзете се со нас

Лига на нации

Ангеловски: Ни го оспоруваат Александар Велики, но не можат Горан Велики

Објавено

на

Македонскиот фудбалски селектор Игор Ангеловски има големи заслуги за она што вечерва Пандев и останатите го реализираа, а пласманот на Европското првенство е и негов најголем успех во тренерската кариера.

Многу пати потценуван и непотребно критикуван, популарниот Мрме ја одведе Македонија до историски успех, а по натпреварот имаше само благодарност за своите играчи.

– Благодарен сум му на секој фудбалер, ја оправдаа мојата доверба до крај и ми потврдија дека сум ги донел вистинските одлуки.

– Благодарност и до Барди и другите момци кои денеска не можеа да ни помогнат, тие исто така имаат големи заслуги за нашиот успех.

– Ние имаме еден Александар Велики што ни го оспоруваат, ама Горан Велики не можат да ни го оспорат, – порачал Ангеловски на прес-конференцијата по историската победа над Грузија во Тбилиси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни