Поврзете се со нас

Репрезентација

Ангеловски: Јас ја завршив својата задача, чекам потег од ФФМ

Објавено

на

Игор Ангеловски е човекот кој со златни букви ќе биде испишан во историјата на македонскиот фудбал, тренер кој ќе се памети како прв кој успеал да одведе една наша фудаблска селекција на едно Европско првенство.

Сонот наречен голем турнир на репрезентативно ниво стана реалност за сите огромни љубители на фудаблот во нашата земја, бидејќи следниот јуни, сите сплотени како едно ќе навиваме за хероите кои направија спортски подвиг со пласманот на континенталниот турнир кој беше презакажан поради пандемијата со коронавирусот за наредната година.

По повод вонсерискиот успех, Ангеловски одработи опширно интервју за полскиот медиум „Супер Експресу“, разговор во кој се отвори за многу интересни теми поврзани неговата петгодишна етапа како селектор, која искрено се надева дека ќе продолжи.

– Искрено, имам договор до крајот на оваа година. Јас ја завршив мојата задача. Познато е дека сакам да го водам тимот на Европското првенство. Досега, се уште никој нема разговарано со мене и ми нема кажано дали останувам на оваа позиција. Чекам да биде преземе чекор од другите, – порача Ангеловски алудирајќи на луѓето од ФФМ.

Македонскиот селектор се наврати и на своите почетоци кога го презема националниот тим во ноември 2015-та година, период во кој се чинеше дека сме премногу далеку од еден голем турнир.

– Првиот ден кога ја преземав селекцијата, реков дека целта е да ја однесам Македонија на ЕП. Тогаш националниот тим беше на 106-та позиција на ФИФА листата и имаше слаби резултати. Многу променивме во овие пет години, направивме скок и сега сме 65-та селекција. Си поставив голема цел и ја остварив. Верував дека ќе изградам доволно силен тим за пласман на голем турнир. Првиот ден како селектор го поминав во Џенова. Го посетив Горан Пандев, кој тогаш две години не играше за репрезентацијата. Не можеше да се помири со некои работи во репрезентацијата, но му ги објаснив моите идеи и успеав да го убедам. Во тој момент бев уште поголем оптимист, знаев дека добив лидер кој ќе го води тимот. Ни требаше играч со таков квалитет, со такво искуство. Пандев сонуваше за пласман на ЕП, затоа сум двојно посреќен што успеавме во тоа, – додава популарниот Мрме кој потенцира дека Елиф Елмас е иднината на македонскиот фудабл и репрезентацијата.

– Наша надеж за иднина е Елиф Елмас, играчот за врска на Наполи. Го познавам со години, тој е надежта на нашиот фудбал. На 16 години дебитираше во македонската лига во тимот на Работнички кој јас го водев. За првпат играше против Шпанија во националниот тим, имаше само 17 години. Фактот што игра за Наполи ја докажува неговата класа, се надевам дека Елмас ќе биде еден од предводниците на македонската репрезентација, – посочи Ангеловски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни