Поврзете се со нас

Репрезентација

Андонова се повреди, фудбалерките загубија од Луксембург

Објавено

на

Македонската женска сениорска репрезентација претрпе пораз од Луксембург од 3-2 во четвртиот квалификациски меч за пласман на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд.

Нашите фудбалерки важеа за фаворити на средбата во Охрид, истиот го дочекаа во одлична атмосфера по славјето над Летонија во Рига, меѓутоа гостите од Луксембург беа тие кои ги освоија трите бода на теренот на СЦ „Билјанини Извори“.

Абреу во раната фаза или поточно во 8 минута го најави изненадувањето на денешната средба во Охрид, Ние се вратиме во игра во 21 минута преку погодокот на Рочи од слободен удар, резултат со кој се замина на паузата (1-1).

Меѓутоа лошата вест за нас беше повредата на капитенот Наташа Андова која беше заменета на стартот на вториот дел, а без неа не беше иста нашата игра. Противникот за само пет минути од 62 до 67 минута двапати не шокираше преку Тил за 3-1 по што беше многу тешко за избраничките на Изов да дојдат до поволен резултат.

До крајот успеавме само да намалиме преку Николовска во 90 минута.

Македонија со 3 бода се наоѓа на 5 позиција на табелата, наредниот месец ни следи битка против Северна Ирска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни