Поврзете се со нас

Свет

Анчелоти за тројката на Реал: Тие се како Бермудски триаголник, топката исчезнува кај нив!

Објавено

на

Реал Мадрид успеа да слави над Јувентус со 2-0 во натпреварот во кој се одигра во Калифорнија пред преку 90.000 гледачи.

Карим Бензема и Маркос Асенсио им ја донесоа првата победа на „кралевите“ во овие претсезонски подготовки што секако ќе им даде дополнителна самодоверба на играчите пред оние вистински предизвици кои престојат.

Тренерот Карло Анчелоти беше задоволен од триумфот, па воедно откри дека им има дадено специјален прекар, име на тројката која долго време е супер значајна за шпанскиот великан-тоа се Лука Модриќ, Касемиро и Тони Крос.

-Касемиро, Крос и Модриќ ги викам Бермудски триаголник бидејќи топката исчезнува кај нив. Обој тим никогаш нема да ги изгуби гладот за трофеи се додека ги има овие тројца, -порача Италијанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни