Поврзете се со нас

Италија

Амрабат има свој приоритет и ќе ги одбие понудите од Премиер лигата

Објавено

на

Софијан Амрабат го привлече вниманието на европските клубови со настапот на СП во Катар, па очекувано е до јуни да ја промени актуелната средина.

Мароканецот е член на Фиорентина, но „виолетовите“ не би имале ништо против негова продажба доколку добијат атрактивна понуда.

Амрабат има договор до јуни 2024 година, а се очекува заинтересираните клубови да се обидат да го ангажираат најдоцна во претстојниот летен преоден рок.

Француските медиуми тврдат дека Амрабат не е премногу заинтересиран за трансфер во Премиер лигата и повеќе би сакал да игра во Шпанија.

Негов прв избор е Атлетико Мадрид, клубот кој со одредени продажби може да има буџет за купување на Мароканецот, а сигурно би сакал да добие играч со таков квалитет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни