Поврзете се со нас

НБА

Американците ја победија Шпанија на последниот тест пред ОИ (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Соединетите Американски држави славеше над Шпанија со 83-76 во последниот тест пред настапот на Олимписките Игри во Токио.

Ова беше дуел во кој Шпанците беа за нијанса подобри во првото полувреме, но во третиот период Американците ја стегнаа одбраната и со 21-12 дојдоа до пресврт, го преземаа водството кое не го испуштија до самиот крај на средбата во Лас Вегас.

За четата на Попович ова беше второ славје во четвртата средба на овие подготовки, прв стрелец беше Лилард со 19 кошеви, новајлијата од Сан Антонио Џонсон пак додаде 15 поени.

Кај „црвената фурија“ се истакна плејмејкерот Рубио со 23 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни