Поврзете се со нас

Шпанија

Алвеш е подготвен да и помогне на Барселона: Треба само…

Објавено

на

Дани Алвеш иако има 38 години не планира да се повлече и замине во пензија, односно е во активна потрага по нов клуб откако ја заврши приказната со Сао Пауло.

Сега Бразилецот како слободен агент може да ја избере новата средина, а тој самиот верува дека е подготвен да игра на највисоко ниво, на најголемата сцена, па отворено и директно и се понуди на Барселона која има доста проблеми оваа сезона.

Каталонците останаа без неколку значајни играчи во изминативе неколку сезони од кои дефинитивно најболно е заминувањето на Лионел Меси и во моментов фалат искусни фудбалери кои ќе можат да им помогнат на младите асови кои беа промовирани од школата и кои допрва треба да се развиваат и го покажат најдоброто од себе.

-Можеби ќе звучи многу опортунистички да се каже дека сега сум и потребен на Барселона. Секогаш велев дека заминав затоа што видов дека работите не се како што мислев дека треба да бидат. Никогаш не сакав да го видам тоа што и се случи на Барселона по моето заминување.

-Реков дека кога и да сум потребен на Барса ќе бидам на располагање без разлика каде се наоѓам. Приврзаноста, љубовта и почитта што ја имам кон овој клуб е преголема.  Ако Барса мисли дека сум и потребен, треба само да ми се јави. Се уште мислам дека можам да придонесам насекаде, но повеќе во Барса поради бројот на млади играчи што сега ги имаат, -порача Алвес кој со голем успех настапуваше за шпанскиот великан од 2008 до 2016 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни