Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Многу го почитувам Надал, но кога го гледате Федерер……

Објавено

на

Карлос Алкарас забележа стратосферски раст на АТП листата и минатата година ја заврши како светски рекет број еден, но на почетокот на оваа, стана јасно дека ќе мора да го препушти тронот.

Шпанецот заработи повреда и поради неиграњето на Аустралијан Опен немаше шанси да се бори за одбрана на првото место, кое сега му припаѓа на Новак Ѓоковиќ.

Поради сето она што го прикажа во изминатите 12 месеци, Алкарас важи за најголема тениска надеж и многумина прогнозираат дека долго ќе владее по крајот на кариерата на Надал и Ѓоковиќ, кои сепак не се негови вистински идоли.

Карлитос одново призна дека негов најголем пример бил Рожер Федерер, без оглед на тоа што растел со успесите на неговиот сонародник Рафа.

– Рафа Надал е некој кој секогаш сум го гледал и бил мој пример. Нависитна многу го почитувам, но класата која ја има Федерер, начинот на кој го гледаше тенисот и на кој ги инспирираше другите, беше нешто неверојатно. Кога го гледате Федерер, како да гледате уметност во движење. Беше елегантен и се изгледаше совршено. Тој беше мој пример и бев воодушевен од него, – признава Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни