Поврзете се со нас

Италија

Алегри си постави нова цел по бомбастичниот ангажман на Влаховиќ

Објавено

на

Масимилијано Алегри доста често беше разочаран од изгледот на неговиот Јувентус во првиот дел од сезоната и многупати нагласи дека реалноста на Јуве е средината на табелата, нешто што сега драстично се менува по акцијата која ја презема клубот на трансфер пазарот.

Јувентус се ослободи од Рамзи, Кулушевски и Бентанкур, но ги ангажираше Душан Влаховиќ и Денис Закарија, со тоа што Србинот се претвори во топ тема поради висината на отштетата која и беше платена на Фиорентина.

Во трансфер кој може да достигне и 80 милиони евра, Влаховиќ стана најскапо платен играч во јануари во фудбалската историја во Италија, но Алегри се обиде да го симне товорат од 22-годишниот напаѓач кој стана топ тема на Апенините.

– Клубот направи фантастична работа со два важни играчи. Влаховиќ постигна многу голови за Фиорентина и играч со такви карактеристики немавме во тимот. Заедно со Халанд, тој е најталентиран напаѓач во Европа. Со него и Закарија сега растат амбициите. Целта е да бидеме во топ четири на крајот од сезоната, следи најважниот дел од шампионатот и веќе немаме право на грешки.

– Со доаѓањето на Влаховиќ, одговорноста треба да биде распределена подеднакво кон сите. Не треба да се потпираме само на Влаховиќ. Тој има 22 години, постигна многу голови и сега сака да му оди добро во Јувентус. Но, одговорност треба да имаат сите, не само Влаховиќ како најголемо засилување. Потребно е да имаме баланс и да не ја префрлиме одговорноста само кон него, – вели Алегри пред мечот со Верона кој се игра утревечер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни