Поврзете се со нас

Италија

Алегри: Не смееме да си дозволиме многу грешки со Вилјареал

Објавено

на

Јувентус утре го пречекува Вилјареал во реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите, а тренерот Макс Алегри денеска зборувал пред новинарите истакнувајќи ги очекувањата од дуелот со шпанскиот ривал.

Италијанскиот состав мора да победи за пласман во следната рунда, а Алегри го потврдил враќањето на Дибала и Кјелини во тимот.

– Имам јасни идеи за натпреварот, се надевам успешно ќе ги реализираме на теренот.

– Екипата се чувствува добро, ова се решавачки моменти за сезоната и мора да се обидеме да стигнеме што подалеку во Лигата на шампионите.

– Имаме подобри резултати, но ништо не сме освоиле и мора да бидеме приземни и да одиме чекор по чекор. Вилјареал е искусен тим со добар тренер и екипа која прима малку голови. За пласман во следната рунда не смееме да си дозволиме многу грешки, а ќе ни треба и среќа, – изјавил Алегри, кој потврдил дека Влаховиќ ќе биде стартер против Вилјареал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни