Поврзете се со нас

Шпанија

Алба нема дилеми: Тој е најдобар тренер на светот

Објавено

на

Жорди Алба оваа сезона не е во прв план кај Чави Ернандес, но добива шанса за настап, има минутажа и тоа беше доволно за шпанскиот селектор Луис Енрике да го стави на списокот на патници за Светското првенство во Катар.

Левиот бек веќе долго е на големата сцена и има соработувано со многу стратези, ама еден за него е посебен и е најдобар на светот-тоа е токму популарниот Лучо.

-Веќе го познавам од Барселона. Тој е директна личност која многу им верува на играчите. За мене, секогаш сум велел, тој е најдобриот тренер во светот. Не само на фудбалски терен, туку и во човечка смисла. Тој е многу близок и им помага на сите соиграчи, а тоа е важно за сите играчи и за мене.

-Тој има многу каратер. Тоа е многу важно кај тренерот: тој да ја изрази својата идеја и сите играчи да се движат во иста насока. Тоа е нешто многу тешко и го постигна во сите тимови во кои беше. Сите следиме што ни кажува. Во тоа тој е најдобар, -порача Алба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни