Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ал Келаифи режирал инцидент во подтрибинскиот простор на „Бернабеу“!

Објавено

на

ПСЖ состави ѕвезден тим изминатово лето и главен фокус и цел беше титулата во Лигата на шампионите, сценарио кое нема да го видиме уште една сезона.

Милијардерскиот проект на „светците“ вечерва доживеа уште еден тежок удар и „светците“ добија потоп во последните 30 минути на „Сантијаго Бернабеу“, фудбалско здание на кое Реал Мадрид се избори за страшен пресврт благодарение на трите гола на Карим Бензема.

Маурисио Покетино го крена гласот во микс зоната и експресно се пожали дека ПСЖ бил оштетен во Мадрид и првиот гол на Бензема бил постигнат после направен прекршок над Донарума, но како што јавуваат медиумите од Шпанија, уште понервозен бил Насер Ал Келаифи.

Првиот човек на ПСЖ збеснал по конечниот пораз од 3:1 и веднаш ја напуштил ВИП зоната на „Бернабеу“, односно се симнал во подтрибинскиот простор и жестоко удирал по вратата на судиската четворка и викал по арбитрите.

Новинарката на „Мовистар“, Моника Марчанте открива дека Ал Келаифи режирал инцидент и употребил лоши зборови, а на невкусната сцена сведочеле новинарите кои имале пристап да бидат на тој дел од стадионот. Како што јавува новинарката, Ал Келаифи бил тргнат од обезбедувањето на „Бернабеу“ и било спречено да дојде до близок контакт меѓу него и судијата Макели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни